• Зоран Мишевски
Шесткратниот светски шампион во бокс Мигуел Кото синоќа ја заврши кариерата со пораз на поени од Садам Али во рингот во Њујорк. 37-годишниот боксер од Порторико не успеа да ја одбрани титулата во ВБО верзијата, откако загуби од многу помладиот и побрзиот 29-годишен Али.
Кото доби повреда на раката во седмата рунда и не успеа да се врати во посакуван ритам , па загуби на поени со 115-113, 115-113 и 116-112.