• Иван Димовски
Саул Канело Алварез остана светски првак во супер-средна категорија, откако ги одбрани титулите во ВБА, ВБО и ВБЦ сериите.
Ноќеска во Лас Вегас тој го победи мечот против Едгар Берланга. Тој дојде до победата со едногласна одлука на судиите (117:110, 118:109, 118:109).
CANELO ALVAREZ
WITH THE 3RD ROUND KNOCKDOWN‼️#Boxing #CaneloBerlanga— Danny (@dantheboxingman) September 15, 2024
Мексиканецот во својата кариера има 62 победи, две нерешени и само два порази. Тој беше фаворит и успеа да ја одбрани оваа улога против американскиот ривал на негово тло.