Мејведер се враќа во рингот и ќе се бори против – „Јутуб“ ѕвезда!

Флојд Мејведер

Легендарниот Флојд Мејведер ќе се врати во рингот и ќе ги вкрсти ракавиците против неочекуван противник.

Американските медиуми тврдат дека борбата меѓу него и „Јутуб“ ѕвездата Логан Пол е потврдена. Овие двајца ќе приредат шоу за фановите на 6 јуни на „Хард Рок“ стадионот во Мајами. Првиот обид да се организира борбата пропадна. Првично беше планирано Мејведер и Пол да се сретнат на 20 февруари оваа година, но настанот беше откажан неколку недели пред официјалниот датум.

44-годишниот непоразен боксер нема официјална борба од 2017 година. И тогаш беше дел од егзибиција која му донесе богатство. Противник му беше ММА борачот Конор МекГрегор, кого рутински го победи во осмата рунда.

Неговиот скор од 50-0 нема да биде под знак прашалник за време на оваа борба, потврдија од тимот на американскиот боксер.