• Мартин Танасковски
Американската боксерска легенда Флојд Мејведер сериозно размислува да аплицира за руско државјанство, а тоа го потврди во изјава за телевизијата „Русија 24“.
Мејведер соработува со руски боксери во својот тим, а во кариерата досега не знае за пораз.
„Имав можност во Русија да ги разгледам имотите. Зборував со мојот тим, сакам да добијам руско државјанство. Сакам да купам и куќа во Русија, но потребно е време за тоа затоа што треба да разгледам во целост. Верувам дека иднината ќе биде светла за мене“, изјави Мејведер.
Американецот во ноември, 2016 година, беше во посета на Москва и отвори боксерска академија во руската метропола.