• Сашо Поповски
Флојд Мејведер е светски познат боксер кој никогаш не ја почувствувал горчината на поразот. Неговата одбранбена техника е добро позната во боксерскиот свет, кој и покрај перфектниот скор, не сака да го смести на врвот меѓу легендите на овој брутален спорт.
Американецот неодамна направи листа од најдобри боксери на сите времиња и очекувано на првото место го стави своето име. Кога требаше да зборува за големиот Мохамед Али, кој во очите на јавноста е најголемиот на сите времиња, тој рече:
„Али се бореше во една категорија и загуби три борби со Кен Нортон. Она што тој направи е тоа што неуморно се бореше за правата на афро-американците во Соединетите Американски Држави.
Ако зборуваме за тоа, тогаш тој е најдобар. Но, ако зборуваме за рекорди и примање најмалку удари, тогаш јас сум на врвот. Али е легенда и беше заслужен за патот по кој што одевме ние боксерите по него. Го сакам, но неговиот стил да прима толку „казна“ никако не ми се допаѓа. Името на „играта“ е да удрите без да бидете удрени“.
Мејведер во својата богата кариера има 50 победи и ниту еден пораз. Низ годините стана и еден од најплатените спортисти на сите времиња, кој последен пат беше во рингот, кога застана наспроти Конор МекГрегор во 2017 година.