• Сашо Поповски

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, веќе долго време зборува дека тој би бил далеку попопуларен доколку имал друга боја на кожата. Сегашната популарност на Конор МекГрегор е причината заради која Мејведер повторно се огласува на оваа тема, зборувајќи дека токму расизмот е причината заради која Ирецот е толку познат.
„Јас точно не знам кој е тој Конор Мек Грегор и никогаш не сум видел негова борба. Го слушнав неговото име од едно момче што работи за нас во салата. Тој ми кажа за тој Мек Грегор. Вели дека ги навредува сите наоколу и дека луѓето за тоа го слават, но кога јас го правев тоа, рекоа дека сум арогантен. Тоа е така пристрасно! Се што сакам да кажам е дека воопшто не сум расист, но расизмот сеуште постои“ , изјави Мејведер.
Пензионираниот Мејведер, веќе неколку месеци ужива во својот пост-боксерски период, откако реши да се повлече веднаш по мечот со Филипинецот, Мани Пакјао.