• Мартин Танасковски

Флојд Мејведер, еден од најдобрите боксери во историјата, соопшти дека стои на ставот да не се враќа во рингот и нема намера да ја продолжи кариерата.
Американецот кој има 42 години последен пат беше во рингот во 2017 година, а се појавија шпекулации дека тој може да се врати во боксот. Но, Мејведер категорично ги демантира истите.
„Ме повикуваа да се вратам во боксот, но немам намера пак да бидам во рингот. Моето здравје е богатство. Боксот е брутален спорт“, изјави Мејведер.
Мејведер ја заврши кариерата со скор 50-0, а во последната борба по прекин го совлада Конор МекГрегор во Лас Вегас.