• Зоран Мишевски

Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер се на чекор од договор за меѓусебна борба, но се чека и потпис на Мек Грегор, кој одолговлекува. Иако тој беше иницијаторот, сега дефинитивно улогите се сменија и Мејведер е похрабар во изјавата.
„Тој многу лае, но не каса. Ако си маж, потпиши го договорот, немој да зборуваш глупости. Само потпиши го договорот и битката е сервирана“, рече Мејведер.
Светот со нетрпение чека потврда за борбата која се предвидува дека ќе биде најскапа во историјата. Веќе почнаа и нагаѓања и околу сумите и околу местата каде може да се одржи борбата, но во овој момент сите детали се „замрзнати“ додека не се потпише договорот.