• Сашо Поповски

Денес и официјално Конор МекГрегор потврди дека го потпишал договорот и ги прифатил условите за боксерскиот спектакл против Флојд Мејведер.
Сега, ситуацијата се префрла на страната на американскиот боксер, кој треба да преговара со организаторите околу својот дел од заработката. Британските медиуми започнаа да шпекулираат околу бројката, кој ќе се префрли на контото на Мејведер, кој е еден од најплатените спортисти на сите времиња.
Се споменува почетна сума од неверојатни 300 милиони долари, со дополнителни приходи од реклами и спонзорства.