• Сашо Поповски
Повеќе од три месеци поминаа од „борбата на векот“ помеѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор, која генерираше повеќе од милијарда долари заработка.
Победник на боксерскиот меч очекувано беше непоразениот Американец, кој ја кажа вистината зошто неговиот противник ги доби првите неколку рунди.
„Целиот свет протестираше против ова борба, а јас сега ќе ви ја кажам вистината. Јас направив МекГрегор да ги добие првите неколку рунди. Му го дозволив тоа за да изгледа како БОГ во очите на јавноста. Сите знаат дека го „носев“ до десеттата рунда“ , рече американскиот боксер, кој замина во пензија.
Нема да биде чудно доколку има реванш од оваа борба, а тоа го побара Ирецот, кој е подготвен да ги поправи грешките од првиот дуел.