• Горан Упале
Со победа на ирскиот боксер Лук Глен Мегваер заврши јубиленото педесетто издание на традиционалниот меѓународен боксерски турнир „Златен Гонг“ 2021.
Во големото финале на турнирот на кој учествуваа боксери од тринаесет земји (Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина (Хонг Конг) и Бугариа), Ирецот по голема борба го совлада Ала Алмахмуд. Македонскиот боксер Јасин Лама имаше одличен настап, но не успеа да ја одбрани титулата од пред две години, ама затоа беше прогласен за најдобар техничар на турнирот.
Најборбен пар се Ростислав Билостоцки (Украина) и Башким Бајоку (Косово), додека најуспешен е тренерот Пол Бенет од Англија. Милош Драшковиќ од Црна Гора е најдобар судија.
Во воведната борба јуниорите Петар Арсовски и Реџеп Морина добро ја загреаја атмосферата за финалниот дел, а овој дуел му припадна на Арсовски со 3-2.