Меџик Џонсон: Нема никогаш повеќе да гледам борба на Мани Пакијао

Легендарната НБА звезда, Меџик Џонсон жестоко го нападна филипинскиот боксер, Мани Пакијао по хомофобичната изјава на боксерот пред два дена.

„Јас нема повеќе да гледам ниту една борба на Мани. Тој брзо заборави колку луѓе, меѓу кои и хомосексуалци навиваа и го подржуваа против Мејведер, во борбата кога заработи 100 милиони долари. И нивните пари исто така се зелени“, јасен беше Меџик.

Пред два дена во едно политичко излагање Пакијао ги нарече хомосексуалците полоши од животните.