Марокански боксер уапсен заради обид за силување на две собарки во Рио

22-годишниот марокански боксер Хасан Сада утрово е обвинет за силување на две собарки во Олимпиското село. 

Сада веднаш бил уапсен и ќе помине 15 дена во затвор додека трае истрагата која била отворена во средата навечер. Мали се шансите дека боксерот ќе биде ослободен и дека ќе му биде дадена шанса да учествува на турнирот во бокс. 

Сада е солиден боксер во лесна категорија, но утре наместо во рингот денот ќе го помине зад решетки.