Мани Пакјао не може со политика, а без бокс: Во ноември се враќа во рингот

Филипинскиот боксер Мани Пакјао, кој од неодамна во својата држава е избран и за сенатор, сепак не издржа во спортската пензија и повторно ќе се врати во боксерскиот ринг. Филипинецот во месец ноември ќе биде предизвикувач на актуелниот шампион во велтер категоријата во ВБО верзијата, Американецот Џеси Варгас.

37-годишниот Пакјао се повлече од боксерскиот ринг по борбата во април со Американецот Тимоти Бредли, по што одлучи да влезе во политиката во неговата земја. Но очигледна тој подобро се снаоѓа во боксерскиот, отколку во политичкиот ринг.

„Да, ќе има борба, тоа ќе биде на 5 ноември против шампионот Џеси Варгас. Боксот е моја страст. Ми недостига престојот во салата и рингот“, изјави Пакјано.

Популарниот „Пак-ман“ во кариерата има 58 победи, од кои 38 со нокаут, притоа забележал 6 порази и двапати мечевите завршиле без победник. Во кариерата осум пати бил светски првак во неговата кариера.