Maни Пакијао ќе го предизвика Кит Турман на 20 јули во Лас Вегас

Веќе познат е терминот за долго најавуваната борба меѓу Кит Турман и Мани Пакијао. Двајцата боксери ќе ги вкрстат ракавиците на 20 јули во Лас Вегас. 30-годишниот Турман ќе ја брани ВБА титулата против десет години повозврасниот Пакијао.

Филипинецот последен пат во рингот се појави на 19 јануари, кога го совлада Адриен Бронер на поени по 12 рунди. Турман не се борел од 2017 година поради повреда на раката, но сега е подготвен и најавува изненадување.

Бубмејкерите поголеми шанси му даваат на Пакијао, кој двапати најавуваше пензија, но секогаш се враќаше во рингот. Непознат е наградниот фонд на борбата, но се претпоставува дека Пакијао ќе добие двојно повеќе од Турман.

На борбата во Лас Вегалс ќе ѝ претходат три предборби во помалите тежински категории.