Мамутовски и Арсовски ќе настапат на боксерскиот турнит „Мустафа Хајруловиќ-Талијан“

Македонскиот бокс се наоѓа пред нов предизвик. Нашата селекција ќе учествува со двајца боксери на Меѓународниот турнир „Мустафа Хајруловиќ -Талијан“ во Сараево.

За Македонија во БиХ ќе настапат Шеро Мамутовски од БК Куманово во категорија 51 килограми, каде кој во полуфиналето ќе се сретне со боксер од Шпанија, додека Петар Арсовски (54 килограми) од БК Чаир ќе се бори со подобриот од мечот на боксерите од БиХ и Романија.

Полуфинaлните борби се закажани за 22 септември, додека финалето е в сабота на 24 септември.

На турнирот, кој е во календарот на ЕУБЦ, учествуваат боксери од 21 земја.