Македонските боксери пријавени за турнирите во Мостар и Приштина

Македонската боксерска репрезентација ќе пријави двајца боксери на Меѓународниот младински турнир во Мостар, Босна и Херцеговина. 15-тото издание на овој култен турнир е добра шанса за афирмација на нашите боксери. 

Тренерот Мирко Ристевски ги избра Елес Асанов и Хурмет Јонузов и тројцата веќе се во Мостор.

Овој викенд во Приштина ќе настапат уште двајца наши боксери на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“, а тоа се Алми Рочи и Рамон Казимов.