Македонските боксери не можат да се вратат дома заради откажаните летови

Македонските спортисти кои професионално се натпреваруваат ширум Европа се соочуваат со непредвиден проблем. Репрезентативците во бокс се симанти од авионот кој требаше да ги врати во Македонија по прекинувањето на Европските квалификации за Олимписките игри во Токио во Лондон.

Јасин Лама и Гоце Јанески се качиле во авионот, но пред да полета им било соппштено дека летот со одложува. Од Боксерската федерација на Македонија купиле карти и за лет преку Истанбул, но и тој лет бил одложен. Боксерите се сместени во хотел и чекаат помош како да си дојдат во Македонија, бидејќи аеродромите во Скопје и Охрид се затворени, а во соседството ги примаат само нивните државјани.

Од Боксерската федерација на Македонија очекуваат помош од Министерството за надворешни работи и другите институции.