Македонските боксери на Златибор ќе ја темпираат формата за Балканското првенство

Боксерската репрезентација на Македонија на 6 ноември заминува на поготовки во српскиот Златибор, каде ќе ја темпира формата за Балканското првенство кое ќе се одржи во градот Лозница од 18 до 24 ноември. 

Федерацијата одлучи 5. и 6. коло од Првата и Младинската лига да се одржат на 9 и 30 ноември во Куманово и во Штип. 

Воедно, донесена е одлука Државното првенство на Македонија да се одржи на 14 декември, а град-домаќин на овој настан ќе биде Битола.