Македонските боксери на „Белградски победник“ се подготвуваа за Балканскиот шампионат

Македонските боксери минатиот викенд беа учесници на меѓународниот турнир „Белградски победник“ во соседна Србија. Нашите боксери загубија во првите борби, но против себе имаа квалитетни боксери и собраа потребно искуство. 

Арсим Етеми, Лео Јовановски, Јасин Лама се поразени со одлука на судиите, а Али Аземи со прекин во втората рунда.

Лама во категоријата до 63 килограми се соочи со европскиот првак од Минск Лук Мек Кормак до Англија.

Тројцата македонски боксери следниот месец ќе настапат на Балканското првенство во Загреб и овој традиционален турнир беше добар тест и подготовка за нивните квалитети и форма.