Македонските боксери ги дознаа противниците за олимписките квалификации

Нашите боксерски репрезентативци ги добија противниците во квалификациите за Летните Олимписки игри во Токио во Лондон. Прв на рингот ќе излезе Јасин Љама, кој за противник го доби Александрос Цаникидис од Грција.

Во категоријата на Јасин Љама, 63 килограми, пријавени се вкупно 28 боксери, а неговата борба со Цаникидис е на програмата утре попладне. Гоце Јанески, во категоријата до 75 килограми, за противник го доби Етерна Квадрадо од Шпанија. Јанески на рингот излегува в понеделник попладне. Во категоријата на Јанески пријавени се вкупно 34 боксери.

Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување олимписка норма за игрите во Токио 2020 година.