Македонските боксери ги дознаа противниците за Европското првенство во Софија

На Европското првенство за боксери до 23 години во Софија, од 12 до 21 октомври, денес од вкупно шест во рингот излегуваат тројца наши боксери.

Ален Рустемовски, Дион Лена и Арјан Исени ги започнуваат борбите на Европското првенство. Ждрепката одлучи на нашите боксери да ги добијат следните противници.

-57 кг Ален Рустемовски – Витас Хацуеју (ИБАБ) 12 октомври 1/16 финале
-60 кг Ружди Рустемовски – Џек Драјден (Англија) 13 октомври 1/8 финале
-63,5 кг Дион Лена – Лаша Гагнидѕе (Грузија) 12 октомври 1/16 финале
-71 кг Енис Алиу – Благовест Христов Неделчев (Бугарија) 14 октомври 1/8 финале
-80 кг Арјан Исени – Даниел Илјушонок (Израел) 12 октомври 1/16 финале
+92 кг Ардијан Аземи – Ловро Павчец (Хрватска)/ Васил Ткачук (Украина) четвртфинале 17 октомври.

Македонските боксери минаа низ добар подготвителен период и со оптимизам го чекаат овој голем меѓународен турнир.