• Зоран Мишевски
Македонските боксери ги добија противниците на Европското првенство за боксери до 19 години во Лозница, Србија. Нашите репрезентативци добија ривали од Литванија, Белгија и Белорусија.
Во категоријата до 60 килограми Семи Елмази ќе ги вкрсти ракавиците со Симонас Пунискис од Литванија, до 75 килограми Никола Тасевски ќе се соочи со Сам Радфар од Белгија, а во категоријата до 90 килограми Абдулкадир Даци ќе излезе во ринг со Илија Нахорни од Белорусија.
На Европското првенство под капа на Светски бокс ќе настапат 354 боксери, 231 во машка конкуренција и 123 во женска од 36 земји.