• Горан Упале
Петар Арсовски забележа голема победа над Велис Антонио Ремус од Грција и обезбеди медал на Европското младинско првенство во бокс во Софија, Бугарија.
Македонскиот репрезентативец во четвртфиналната борба против грчкиот противник беше далеку подобар во рингот и со триумфот од 5-0 обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на овој собир. Нашиот боксер доминираше против Ремус од Грција во сите три рунди и запиша заслужена и убедлива победа.
Противник на Арсовски во полуфиналето ќе биде Љубослав Методиев од Бугарија.