Македонија стега палци за тројца боксери на ЕП за јуниори

Тројца македонски репрезентативци ќе настапат Европското боксерско првенство за јуниори (боксери на 17 и 18 години). Шампионатот ќе се одржи во Будва, од 14 до 22 ноември. Боите на Македонија ќе ги бранат браќата Илхан и Ајхан Озмен од БК Универзалци и Ардијан Аземи од БК Шкупи.

„Репрезентативците се во одлична форма која ветува одличен успех. Инаку, овие наши боксери се носители на медали од Светскиот Куп на нации кој се одржа минатата година“, велат од репрезентацијата.

Нашата репрезентација ќе ја предводат искусниот АИБА сертифициран тренер Васко Цубалевски и тренерот Насер Харуни, кој имаше извонреден успех со Аземи на минатогодишниот силен Меѓународен боксерски турнир „Емил Жечев“ во Бугарија, каде освои златен медал.