• Зоран Мишевски

Македонската јуниорска боксерска репрезентација ќе настапи со тројца боксери на престижниот меѓународен турнир „Војвоѓанска ракавица“ кој започнува в четврток и ќе трае до в недела.
Македонија ќе ја претставуваат Ферид Хоџа, Александар Ристовски и Хурмет Јонузов. Сите тројца ќе боксуваат утре по 16:00 часот. Хоџа во осминафиналето за противник го има Гал Сепик од Словенија во категоријата до 69 килограми, а во истата категорија и во истата квалификациона рунда ќе боксува и Александар Ристовски против Милош Красничи од Црна Гора. Хурмет Јонузов во четвртфиналето за противник го доби Сома Местер од Унгарија во категоријата до 75 килограми.
На овој турнир ќе учествуваат 190 боксери во двете конкуренции и ќе биде добра проверка пред настапот на Европското првенство за јуниори, кое во септември ќе се одржи во Софија, Бугарија.