• Горан Упале
Во организација на Националната боксерска федерација, а со помош на Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје, годинава ќе се одржи јубијелното педесетто издание на традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг“ 2021.
И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, годинава ќе учествуваат над шеесет боксери од тринаесет земји: Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина (Хонг Конг) и Бугариа.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на денешната прес-конференција истакна дека оваа традиционална манифестација е од голема важност за македонскиот спорт.
„Знаеме што значи оваа манифестација за нашиот спорт. Агенцијата за млади и спорт го помага боксот, годинава имаме педесетто јубилејно издание на „Златниот Гонг“, тоа е нова можност за промоција на овој спорт, настапот на тринаесет земји ветува квалитетни борби. Чест ми е што сум во друштво со вакви спортисти како Примислав Димовски, претседател на федераџијата. Нашата агенција ќе продолжи да го помага боксот“, изјави Мојсовски.
Претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски истакна дека и покрај пандемијата, и неодамна завршеното Светско првенство во бокс во Белград, на покана на федерацијата ќе учествуваат тринаесет земји, а тоа ветува квалитет.
„Благодарам за големата поддршка од Агенцијата за млади и спорт, ние како федерација успеавме да се извлечеме од кризата, чекор по чекор одиме напред. Ова е педесетти јубилеен „Златен Гонг“, а и покрај пандемијата, бројката од над шеесет пријавени боксери ќе донесе квалитетни борби“, изјави претседателот на федерацијата, Примислав Димовски.
Руждија Калач, кој ќе ја води македонската репрезентација составена од седум боксери, најави дека боксот има убава перспектива.
„Потребна е многу работа, но ние имаме добри и перспективни боксери. Морам да истакнам дека Агенцијата за млади и спорт го помага боксот, благодарни сме за тоа, тие се симбол на спортот во државата“, рече Калач.
Последниот победник на „Златен Гонг“ во 2019 година од македонската репрезентација, Јасин Љама изјави дека по настапот на Светското првенство во Белград се чувствува подготвен за овој предизвик.
„Ќе дадеме максимум сите од нашата репрезентација и оваа година „Златниот Гонг“ да остане во Македонија. Јас сум лично подготвен, а и сите мои колеги во тимот од репрезентацијатач. Очекувам силна кконкуренција и квалитетни борби“, изјави Љама.
Според програмата, четвртфиналето е во четврток, СЦ „Борис Трајковски“ - мала сала од 16:00 часот, полуфинале во петок со две сесии, од 13:00 и 18:00 часот, а финалето е во сабота од 20:00 часот.
Македонија ќе ја претставуваат седум бокесри:
Ардијан Џемаили 54 килограми, Оран Јашаровски 57 килограми, Јасмин Љама 60 килограми (последен победник на Златан Гонг во 2019 година), Дион Лена 63,5 килограми Ферид Хоџа 71 килограм, Лео Јовановски 75 килограми и Арсим Етеми 80 килограми.