• Зоран Мишевски
Со финалните натпревари, денес во Скопје ќе заврши новото издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“. Синоќа на програмата беа сите полуфиналиња, по кои Македонија во финалните дуели ќе има петмина претставници.
Во категоријата до 57 килограми, Ален Рустемовски ќе боксува со Луар Алиу од Косово, во категоријата до 60 килограми Ружди Рустемовски ќе се сретне со Аксел Хегарти од Велс, во категоријата до 63,5 килограми Ник Николов ќе боксуа со Дмитрос Николау од Грција, во категоријата до 67 килограми Алим Насуфи за противник ќе го има Кирил Глобенко од Полска, додека во категоријата над 92 килограми Ардијан Аземи ќе се сретне со Јордан Хернандез од Бугарија.
Борбите ќе се одржат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.