Македонија со двајца претставници на меѓународниот боксерски турнир во Харков

Боксерската репрезентација на Македонија во возрасната категорија  деца, боксери родени 2005 и 2006 година , ќе настапи на Меморијалниот  меѓународен турнир „А. Климанов“ во Харков.

На турнирот  ќе настапат  Петар Арсовски и Марија Мацеска во категоријата до 38,5 килограми Овој силен меѓународен турнир е генерална подготовка пред Европското првенство во Тбилиси, Грузија кое ќе се одржи во август. 

Нашите боксери се предводени од Вели Мумин и Александар Арсовски  како тренери кои изјавија дека ова е одлична можност да се види со каков капацитет и иднина располагаме.