Македонија со двајца боксери отпатува на Светското првенство во Дубаи

Ален Рустемовски и Арјан Исени ќе ги бранат боите на Македонија на Светското боксерско првенство за сениори во организација на ИБА.

Светското првенство ќе се одржи во Дубаи, во периодот од втори до тринаесетти декември. Рустемовски за Дубаи отпатува од Белград, каде што беше на мини подготовки, а Исени од Соединетите Американски Држави, каде живее и се подготвува за настапот на планетарниот собир. 

И двајцата се во добра форма и се очекуваат добри настапи, што автоматски ги крева надежите во јавноста за одлични резултати.