Македонија со двајца боксери на меѓународниот турнир „Загреб Гранд При“

Двајца боксери ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот турнир во Хрватска „Загреб Гранд При“ меѓународен собир кој стартува и ќе трае до сабота, за кога се предвидени финалните борби.

Арсим Етеми (категорија 81 кг.) и Лео Јовановски (категорија 75 кг.) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб.

Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски.

Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку десет земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македониија, Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан.