Македонија со два боксерски „бисери“ ќе настапи на јубилејниот „Белградски победник“

Двајца македонски боксери ќе ги бранат боите на нашата земја на јубилејниот шеесетти Меѓународен турнир „Белградски победник“. Тоа се Ален Рустемов и Илхан Озмен, кои веќе се во Белград и викендов ќе настапат во рингот.

Белградски победник:
57 килограми: Ален Рустемов – Лазар Пантиќ (Србија)
63,5 килограми: Илхан Озмен – Васили Самчук (Казахстан)

На турнирот ќе настапат 225 боксери (155 мажи и 70 жени) од 25 земји.