Македонија пријави тројца боксери на Купот на нации во Врбас

Продолжуваат подготовките на македонските боксери пред Светското првенство во Белград оваа есен. На силниот меѓународен турнир Куп на нации во Врбас нашата селекција ќе настапи со тројца боксери.

Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат: Леонардо Лимај во категоријата до 50 килограми, Петар Арсовски до 52 килограми и Енис Алиу до 57 килограми Нив ќе ги води тренерот Александер Арсовски.

Предвидено е да учествуваат натпреварувачи од 29 земји, а турнирот е закажан од 8 до 12 јуни.