Македонија пријави тројца боксери на „Купот на Црна Гора“

Македонската репрезентација во бокс ќе настапи со тројца натпреварувачи на Меѓународниот турнир „Куп на Црна Гора“ во Будва од 18 до 24 мај. Младите боксери Петар Арсовски, Леонард Лимај и Енес Алиу се пријавени на турнирот, на кој ќе учествуваат боксери од 17 земји.

Покрај нашите боксери ќе настапат боксери од Украина, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Шведска, Литванија, САД, Белгија, Сиера Леоне, Грузија, Азербејџан, Палестина, Узбекистан и Црна Гора.

Целта на нашите боксери е добра подготовка за есенските натпревари на Светското првенство во Белград.