Македонија пријави шест боксери за „Златниот гонг“, потврдени 11 земји учесници

Еден од најтрадиционалните спортски настани во нашата земја се наоѓа пред уште едно издание. Најновото издание на боксерската ревија „Златниот гонг“ ќе се одржи в петок и в сабота во Скопје.

Учеството на турнирот го потврдија 11 боксерски репрезентации и тоа Англија, Шкотска, Шведска, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија, Албанија, Еритреја, Црна Гора и Македонија. Како последна селекција се очекува Грција.

Македонија на годинешниот „Злетен Гонг“ ќе настапи со шест боксери: Ален Рустемов, Илхан Озмен, Ајхан Озмен, Дион Лена, Алим Насуфи и Али Аземи.