Македонија пријави двајца боксери на „Златна ракавица“ во Панчево

Македонската боксерска репрезентација ќе настапи со двајца боксери на силниот меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Панчево, еден од последните годинава во календарот на ЕУБЦ.

Ова е силен турнир на кој ќе учествуваат околу сто боксери од 21 земја. Македонија ќе ја претставуваат Јасин Љама, кој победи на „Златен Гонг“ годинава и Арсим Етеми. Борбите започнуваат утре и ќе траат до сабота.

Љама ќе настапи во категоријата до 63 килограми, Етеми ќе ја претставува нашата земја во категоријата до 75 килограми. Овие двајца наши боксери ќе учествуваат и на Балканското првенство во Анталија од 10 до 15 декември.