• Зоран Мишевски
Македонската репрезентација во бокс отпатува на Светското првенство за млади боксери во Будва, Црна Гора. Националниот тим ќе го предводат девет боксери и тројца тренери.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
- 50 кг. Бајарам Мамутовски
- 54 кг. Меридиан Алими
- 57 кг. Ардијан Рустемовски
- 60 кг. Луан Сулејмани
- 67 кг. Лука Трифуновиќ
- 72 кг. Наум Стојановски
- 75 кг. Баки Ајети
- 86/ 80 кг. Ери Хани
- 92/ 86 кг. Лиси Коџаџику
Владимир Цекиќ, Самет Салиевски и Насер Харуни се тренерите кои ќе ги водат нашите млади боксерски сили.
Ќе биде одреден награден фонд во износ од 500.000 долариз а сите освојувачи на медали. Светското првенство почнува денес и ќе трае до 4 ноември.