Македонија пријави четворица боксери на „Белградски победник 2019“

Македонската сениорска боксерска репрезентација од денес до 21 април со четворица боксери ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Белградски победник 2019 – Меморијал Бранко Пешиќ“.

На турнирот ќе настапат Џан Демиров во категоријата до 52 килограми, потоа Јасим Љама во категоријата до 60 килограми, Гоце Јанески ќе се натпреварува во категоријата до 69 килограми и Арсим Етеми во категоријата до 75 килограми. Репрезентацијата ја предводат селекторот Петре Чурлинов и тренерот Ристе Мицевски.

Квалификациите започнуваат од денес во салата „Пинки“ во Земун, финалните борби ќе се одржат во салата „Шумице“ на Вождовац на 20 април.

На овој престижен турнир со долга традиција, ова е 57-мо издание, ќе настапат боксери од 100 земји од целиот свет. Покрај боксерите од Македонија, ќе учествуваат и репрезентации од Русија, Шкотска, Канада, Полска, Германија, Франција, Хрватска...