Македонија отпатува со тројца боксери на Јуниорскиот Куп во Врбас

Тројца македонски боксери ќе настапат на третиот Јуниорски национален Куп во српскиот град Врбас. Боите на нашата земја ќе ги бранат Илхан и Ајхан Озмен, член на БК Универзалци и Адријан Аземи од БК Шкупи.

Репрезентативците ќе ги водат тренерите Васко Цубалевски и Насер Харуни, а на Купот ќе суди и нашиот интернационален судија Стефан Цубалевски.

Од 14 до 18 август во Врбас ќе настапат 187 боксери, од кои 137 во машка конкуренција и 50 боксерки од 22 земји.