Македонија ги одбра тројцата боксери за Европските игри во Минск

Македонската боксерска репрезентација ќе ја претставуваат тројца боксери на Европските игри во Минск од 21 до 30 јуни.

За македонската репрезентација ќе настапат: Јасин Љама (до 60 кг.), Гоце Јанески (до 69 кг.) и Арсим Етеми (до 75 кг). На вторите Европски игри ќе настапат околу 4.000 спортисти од 50 земји на 199 настани. Нашите боксери ќе отпатуваат за Белорусија на 19 јуни.

Наскоро македонската делегација ќе ги открие и учесниците во другите спортови.