• Горан Упале
Од идната сезона македонските боксери ќе имаат можност да бидат дел од новоформираната Регионална лига во бокс, во која ќе учествуваат сите држави од поранешната југословенска република.
Оваа одлука е донесена на денешниот состанок во Белград во кој претседателите на федерациите на Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ едногласно го поддржаа овој проект, кој ќе биде од големо значење за професионалните боксери во регионов. На овој состанок не присуствуваше првиот човек на Боксерската федерација на Словенија, но оттаму најавија дека накнадно ќе го потпишат овој документ.
Регионалната боксерска лига ќе има и свои органи (надзорен одбро и секретаријат), кои ќе имаат задача да обезбедат неопходни услови за одржување и функционирање на оваа лига.