Мајк Тајсон вечерва по 15 години се враќа во рингот, ќе боксува со Рој Џонс

Најпознатиот светски боксер, Мајк Тајсон вечерва ќе се врати во рингот по повеќе од 15 години и ќе се бори против Рој Џонс Џуниор. 

На стандардните мерења пред бокс мечот, Тајсон беше измерен полесен од било кога, со 99,8 килограми, додека неговиот ривал Рој имаше 95,3.

Двата боксери важат за едни од најдобрите имиња во историјата, а Џонс за разлика од Тајсон тој се бореше во 2018 година против Скот Зигмон. Популарните „Ајрон Мајк“ и „Кептан Хук“ ноќеска во 02:30 часот по полноќ ќе се борат во една од најбараните борби во историјата. 

Тајсон со 54 години и Џонс со 51, очекувано привлекоа огромно внимание. Мајк Тајсон во својата кариера имаше скор од 50-6 од кои 44 победи беа со нокаут, додека Џонс Џуниор 66-9, со 47 нокаути.