• Мартин Танасковски

Боксерската легенда Мајк Тајсон одбил висока сума на пари за да боксува во ринг, ама со голи раце, соопштува бразилски „Комбат“.
„Челичниот Мајк“ имал на маса 18 милиони долари за да влезе во ринг со ММА-ветеранот Вандерлеј Силва. Медиумот се повикува на интервју со Рафаел Кодеиро, инаку тренер на Мајк Тајсон и на Вандерлеј.
Кодеиро истакнал дека Тајсон е расположен да се врати во рингот во меѓувреме, но само во борба со ракавици.
Боксерската легенда Мајк Тајсон најави дека можно е да се врати во рингот за да боксува во хуманитарни цели, а веќе подолго време се објавуваат видеа на социјалните мрежи како тој тренира и изгледа како да е во „топ-форма“.