Мајк Тајсон најави спектакл и кам-бек во рингот

Мајк Тајсон, еден од најдобрите боксери на сите времиња, најави спектакл и потенцира дека пак ќе се врати во рингот и дека ќе има неколку борби.

„Челичниот Мајк“ ќе полни 54 години, но тренира за повторно да се бори. Причината е хуманитарни цели, затоа што сака да заработи средства кои ќе бидат донирани.

„Сакам да влезам во форма за да може да боксувам три или четири рунди во хуманитарни цели и слично. Мислам дека сум во добра форма, сакам да боксувам за да им помогнам на бездомниците и зависниците од дрога, нешто што сум бил и јас во животот“, кажа Мајк.

Тајсон во 1986 година стана најмладиот шампион во светот, а кариерата ја заврши во 2005 година. Во кариерата на Тајсон, најмногу влијаел тренерот Кас Д’Амато, кого Мајк го сметал за свој „бел татко“. Благодарение на легендарниот Кас, Мајк научил да чита и да пишува, го освои главниот турнир во САД „Златни ракавици“ и во 1985 година дебитираше во професионалниот ринг.

Подоцна стана најмладиот светски шампион во тешка категорија, откако во ноември 1986 година го нокаутираше Тревор Бербик. Мајк тогаш имал само 20 години, четири месеци и 23 дена. Рекордот е актуелен и ден-денес.