• Сашо Поповски

Кам-бекот на Мајк Тајсон во боксерскиот ринг е нешто што е актуелно веќе неколку месеци. Поранешниот светски првак во тешка категорија ја врати препознатливата форма на 53 години и најави дека ќе се врати на боксот за да донира пари во хуманитарни цели.
Неколку противници се поврзаа со името на „челичниот Мајк“, а едно од нив беше Тајсон Фјури, еден од најдобрите боксери на денешницата. Неговиот татко Џон пронајде хумор во целата ситуација и го искористи моментот за да испрати провокација кон лутите ривали Ентони Џошуа и Деонтеј Вајлдер.
„Слушај, јас би сакал да го видам тоа. Знаете, на крајот на денот, го именував мојот син по него. Ќе биде добра работа за боксот. Но, јас знам една работа, а тоа е дека Тајсон е одличен, одличен шампион. И ако некој ќе се приближи да го победи мојот син во оваа ера, тоа е тој.
Мајк Тајсон има подобра шанса од Деонтај Вајлдер или Ентони Џошуа и тоа на 53 години“, изјави таткото на Фјури.
Овие зборови се одлична вест за боксерскиот свет, кој би сакал да види егзибиција меѓу овие две легенди.