Мајк Тајсон би прифатил борба со Џејк или Логан Пол

Тајсон

Ако наградата е по негова мерка, Мајк Тајсон најави дека би влегол во рингот со Џејк или Логан Пол.

Браќата кои го размрдаа боксерскиот свет се мета на многу познати имиња. Сега дури и поранешниот шампион во тешка категорија сака да ги вкрсти ракавиците во егзибициски меч. На прашањето дали би се борел со еден од нив, Тајсон немаше дилема и кратко одговори:

„Секако дека да. Тие момци носат многу пари. Имаат речиси 75 милиони следбеници и тоа им носи голема популарност на борбите“.

Легендата јасно стави до знаење дека повеќе би сакал да се бори со Логан Пол, откако летово тој издржа осум рунди против Флојд Мејведер.

55-годишникот исто така е уверен дека еден од браќата би ја прифатил понудата доколку има 100 милиони долари на маса.