ВИДЕО: Ломаченко му одржа лекција на Кроља и покажа дека е „крал“ на боксот

Ломаченко

Украинскиот боксер Василиј Ломаченко важи за еден од технички најподготвените во светот.

Неговите борби се вистинско уживање за љубителите на спортот кои вчера имаа можност да видат негов нов рецитал во боксерскиот ринг.

31-годишникот не му даде никаква шанса на Британецот Ентони Кроља, кого го нокаутира во четвртата рунда. Судијата немаше избор и ја прекина борбата по само 58 секунди во четвртата рунда во спектаклот кој се одржа во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес.

Двојниот олимписки шампион од Украина требаше да се соочи со Ричард Коми, но тој ја скрши десната рака непосредно пред борбата, па во последен момент мораше да се наоѓа друга алтернатива.

Ломаченко потврди дека моментално никој не е ни блиску до него во боксерскиот свет.