ВИДЕО: Ломаченко го победи Ригондо во историската борба во „Медисон Сквер Гарден“

Ломаченко

Украинскиот боксер, Василиј Ломаченко го доби дуелот со Кубанецот, Гиљермо Ригондо во вчерашната борба, која се одржа пред 5.000 гледачи во легендарната „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Тоа беше историски меч за боксот, бидејќи се судрија двајца освојувачи на олимписки златен медал. Украинецот доминираше против осум години повозрасниот противник, кој ја предаде борбата по шестата рунда. 

Причината за откажувањето е наводната повреда на раката со која што се здобил во втората рунда.