ВИДЕО: Љама загуби од Цаникидис, пропадна сонот за Олимписките игри

Првата македонска надеж не успеа да се избори за место на олимпискиот боксерски турнир,  Овогодишниот победник на „Златниот гонг“ Јасин Љама загуби од Гркот Александрос Цаникидис во категоријата до 63 килограми на европските квалификации за Олимписките игри во Токио, кои се одржуваат во Лондон.

Лама претрпе пораз со прекин во втората рунда по третиот нокдаун,.

Вториот македонски боксер, Гоце Јанески утре ќе ги вкрсти ракавиците со Шпанецот Етерна Квадрадо во категоријата до 75 килограми.