• Зоран Мишевски

Македонските боксери Јасин Љама и Гоце Јанески утрово отпатуваа за Лондон на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио ова лето. Заедно со селекторот Хезус Солет Томасен, нашите најдобри боксери со оптимизам заминаа по олимписка виза.
Љама ќе настапи во категоријата до 63 килограми, а Јаневски до 75 килограми.
„Подготовикете поминaа многу добро. Со српските репрезентативци имавме извонредни подготовки. Многу добро сум подготвен и очекувам добар резултат. Ќе дадам максимум да обезбедам норма за Олимпијадата, бидејќи тоа е мојата цел, да се квалификувам за Токио“, вели Љама.
Квалификациите за олимписките квалификации почнуваат на 14 март.